📽️ ВОЗЕЛ МОТОР НА „ЕДНО“ И СЕ СНИМАЛ, НО ВИДЕОТО СТИГНА ДО ПОЛИЦИЈАТА Шеснаесетгодишник од Штип ќе добие пријава

Штипската полиција го пронашла малолетникот по видео објавено на социјалните мрежи на 15 октомври. Тој бил повикан на службен разговор во присуство на родител, а по документирањето на случајот ќе следува соодветна пријава.

66

Шеснаесетгодишник од штипско управувал мотоцикл на едно тркало, загрозувајќи ја безбедноста во сообраќајот, иако сè уште немал право да управува со возило. Полицијата го идентификувала откако на социјалните мрежи било објавено видео од опасното возење.

На 18 октомври, полициски службеници од СВР Штип го пронашле малолетникот и извршиле службен разговор со него во присуство на родител. Видеото на кое се гледа како управува мотоцикл на едно тркало било објавено на социјалните мрежи на 15 октомври 2026 година.






При преземањето на мерките било утврдено и дека малолетникот го управувал мотоциклот пред да се стекне со право на управување.

За случајот е известен јавен обвинител, а од МВР најавуваат дека по целосното документирање ќе биде поднесена соодветна пријава против малолетникот.

Поврзани содржини