ЕВРОСТАТ ПОТВРДИ ДЕКА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА И ПИЈАЛАЦИТЕ СЕ НАЈНИСКИ ВО РЕГИОНОТ Мицкоски вели дека со тоа паѓа во вода тврдењето на лидерите на некои синдикати

Според премиерот, Владата изминатиот период работела на консолидирање на инфлацијата и затоа денес државата, особено во третиот квартал, има убедливо најниска стапка на инфлација во регионот и, како што додаде, можеби и во Европа.

28

Податоците на Евростат покажуваат дека Македонија има меѓу најниските цени на храната и пијалаците во регионот – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за податоците на Евростат според кои цените на храната и безалкохолните пијалаци во земјата се за 25% пониски од просекот на 36 европски земји.

– Евростат објави податоци што се однесуваат на реперот 100, дека ние се наоѓаме како држава со најниски цени од аспект на пијалаците и од аспект на храната, убедливо најниски во регионот, со што паѓаат сите тези на оние злонамерници изминатиов период кои ширеа лаги и дезинформации. Се разбира, тука пред сè мислам на поединечни синдикалци, кои се практично опозициски коалициски партнери. И со тоа паѓа таа нивна теза. Се разбира дека сите проблеми не се решени, треба многу од проблемите да се решаваат бидејќи тоа што се случувало повеќе од 30 години, ние не можеме за две години да го решиме. Но повеќето од проблемите се решени или се во процес на решавање – рече Мицкоски.






Тој додаде дека Владата изминатиот период работела на консолидирање на инфлацијата и затоа денес државата, особено во третиот квартал, има убедливо најниска стапка на инфлација во регионот и, како што додаде, можеби и во Европа.

– Порано нè убедуваа дека инфлацијата била увезена кога имавме двојно поголема од просечната во Европската Унија. Денес кога имаме за 25-30% пониска инфлација од таа во ЕУ – рече Мицкоски.

Поврзани содржини