НАСКОРО АВИОЛИНИЈА СКОПЈЕ – ПОДГОРИЦА Николоски најави и транспортна врска со пристаништето Бар

Вицепремиерот изјави дека во Црна Гора се разговарало и за заеднички настап пред еу-фондовите и европските банки.

38

Транспортните врски како и подобрувањето на економската соработка со Црна Гора биле дел од разговорот што го имал  вицепремиерот Александар Николоскисо црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, вицепремиерот за европски и надоврешни работи, Филип Ивановиќ, како и со министерот за транспорт, Радош Зечевиќ.

Николоски во изјавата по средбите рече дека се разговарало поврзувањето на земјава со тетото ританиште во регионот – Бар, а како значаен за тоа го издвои автопатот Скопје-Блаце кој полна да се гради неодамна.






-Веќе почнавме да го градиме автопатот Скопје – Блаце, кој што значи отворање на Македонија кон трето пристаниште – тоа е отворање кон пристаништето Бар, покрај пристаништето Солун кон кое што имаме и автопатска и железничка конекција и покрај пристаништето Драч, каде што во моментот градиме и автопатска и железничка конекција.  Исто така, со изградбата на автопатот од Скопје до Блаце зборуваме и за поврзување со пристаништето Бар- рече Николоски.

Тој додаде дека наскоро ќе се потпише и договор за  директен лет помеѓу Скопје и Подгорица.

-Со што ќе имаме уште еден главен град со којшто сме поврзани. Тоа многу ќе помогне за развојот на туризмот, но исто така и за развојот на бизнисот и конекцијата помеѓу двете држави. Аеродромите и во Скопје и во Подгорица растат и ова е добар начин да продолжиме да соработуваме и да продолжат да растат двата аеродроми- рече Николоски.

На разговорите било покренато и прашањето за заеднички настап пред еу-фондовите

-Исто така, зборувавме за заеднички настап пред европските фондови и пред европските банки во делот на финансирањето, пред сè во делот на интелигентни транспортни системи и поврзување на коридорите, а зборувавме и за соработката помеѓу двете држави во делот на политиката и економијата. Сè на сè, една плодна средба од којашто се враќаме дома со нова авиолинија, како и со убава вест дека автопатот којшто го градиме Скопје – Блаце ќе значи поврзување и со пристаништето Бар – изјави Николоски.

Поврзани содржини