ПОСЛЕДЕН АПЕЛ ДО ПОТРОШУВАЧИТЕ ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА ГРЕЈНАТА СЕЗОНА Проверете дали сте на списокот на исклучени од парно греење

Официјалниот почеток на грејната сезона 2026/2027 е предвиден за 15 октомври.

44

ЕСМ Снабдување со топлина упатува последен апел до сите потрошувачи приклучени на системот за централно греење во градот Скопје, со кој управува АД ЕСМ, навремено да ги завршат подготовките за претстојната грејна сезона 2026/2027 година.

„Ги потсетуваме потрошувачите дека редовното одржување на внатрешните грејни инсталации е нивна обврска и ги повикуваме сите интервенции да ги пријават во Центарот за грижа на потрошувачи веднаш по нивното завршување.






За правилно функционирање на системот, неопходно е да се обезбеди пристап на службените лица до топлинските потстаници, како и редовно електрично напојување на потстаниците. Апелираме до заедниците на сопственици навремено да ги подмират сметките за електрична енергија за топлинските потстаници и да проверат дали електричните инсталации се функционални.

Навременото одржување на внатрешните инсталации, обезбедувањето пристап до топлинските потстаници и редовното електрично напојување се од заеднички интерес и придонесуваат за сигурна и непречена испорака на топлинска енергија во текот на грејната сезона.

Официјалниот почеток на грејната сезона 2026/2027 е предвиден за 15 октомври. Согласно регулативата, грејната сезона може да започне и пред 15 октомври, односно во периодот од 1 до 15 октомври, доколку прогнозата за средната надворешна температура за наредниот ден изнесува 12°C или пониско, врз основа на податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). До 15 октомври, на веб-страницата на ЕСМ Снабдување секојдневно ќе се објавуваат информации за тоа дали се исполнети условите за испорака на топлинска енергија – се наведува во соопштението на АД ЕСМ.

Сите потрошувачи можат да проверат дали нивниот објект се наоѓа на списокот на објекти без услови за испорака на топлина на следниот линк: Затворени објекти – ЕСМ Снабдување

За информации, пријавување дефекти и известување за завршени интервенции, потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на ЕСМ Снабдување, на телефонските броеви:

02 3076 200 и

075 400 100,

како и во службите на ЕСМ Енергетика на телефонските броеви:

02 3104 816 и

02 3104 872.

Поврзани содржини