📷 ВАНДАЛИЗИРАН НАДЗЕМНИОТ ПРЕМИН „ВЛАЈКО“ Привремено се затвора до поправање на штетите
Општина Карпош информира дека на надземниот премин во населбата Влае е причинета материјална штета. Преминот повторно ќе биде отворен по завршувањето на санацијата.
Надземниот пешачки премин „Влајко“ во скопската населба Влае привремено ќе биде затворен за користење, откако денеска бил вандализиран, информира Општина Карпош.
Од Општината соопштија дека поради причинетата материјална штета постои опасност од повреди на граѓаните, поради што е донесена одлука преминот да се затвори до неговото санирање.
„Поради настанатата материјална штета и можноста од повреди на граѓаните, ве известуваме дека преминот привремено ќе биде затворен за користење“, соопшти Општина Карпош.
Надлежните најавија дека пешачкиот премин повторно ќе биде ставен во функција по завршувањето на поправките, а јавноста дополнително ќе биде известена за неговото отворање.
