ПОЧНА ЦЕЛОСНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА „ПАРКОТ НА ЖЕНАТА БОРЕЦ“ Градоначалникот Ѓорѓиевски најавува „внимание на секој детаљ“

Градоначаникот информира дека градежните активности опфаќаат замена на постојните подни плочки и пешачки патеки со мермерни, кои, како што рече, ќе му дадат поубав и поблагороден изглед на просторот, во склад со неговото значење и местоположба.

1

Во срцето на нашето Скопје, Жена парк е едно од оние места каде што зеленилото, спомените и историјата се среќаваат. Место за одмор од градското секојдневие, за средби и прошетки, кое заслужува да биде уредено и негувано, со внимание кон секој детаљ. Токму затоа, во тек е неговата целосна реконструкција, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Градежните активности опфаќаат замена на постојните подни плочки и пешачки патеки со мермерни, кои ќе му дадат поубав и поблагороден изглед на просторот, во склад со неговото значење и местоположба.

Фото: Фејсбук профил на Орце Ѓорѓиевски

Истовремено, се реставрира постојната урбана опрема и со дополнително хортикултурно уредување се збогатува зелената слика на паркот.

– Претходно, го вративме Вечниот оган кај фонтаната, кој во минатото не беше во функција. Грижата за Скопје е наш приоритет и секојдневна одговорност. Продолжуваме со обновување и редовно одржување на постојните паркови, но и со подигнување нови зелени површини, за повеќе простор за одмор, дружење и уживање за сите генерации. Скопје заслужува грижа што се гледа и се чувствува. Заедно му ја враќаме убавината – вели Ѓорѓиевски.






Поврзани содржини