„ВАРДАР“ ПРОТИВ „ВИСЛА ПЛОЦК“ ВО ЧЕТВРТОК ВО СКОПЈЕ Вардарци пред голем европски предизвик

Вардарци ги очекува нов голем европски предизвик, дуел со полскиот шампион Висла Плоцк, еден од најквалитетните состави во европскиот ракомет.

29

Во четврток, од 20:45 часот, Спортскиот центар „Јане Сандански“ повторно ќе биде обоен црвено-црно. Вардарци ги очекува нов голем европски предизвик, дуел со полскиот шампион Висла Плоцк, еден од најквалитетните состави во европскиот ракомет.

По двата силни натпревара на стартот од сезоната во Лигата на шампионите, „црвено-црните“ влегуваат во новата пресметка со амбиција да го направат следниот чекор. Тренерот Иван Чупиќ и капитенот Васил Гогов очекуваат тежок и неизвесен натпревар, но веруваат дека енергијата на тимот, квалитетната игра и поддршката од трибините можат да бидат клучни за првите бодови.






Во Скопје европската атмосфера ќе започне и пред првиот судиски свиреж. Од 18:30 часот, на платото пред СЦ „Јане Сандански“, навивачите ги очекува загревање за големиот ракометен спектакл. Енергија, дружење и поддршка за Вардар, до почетокот на натпреварот и од првата до последната минута.

Како горд партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија повторно е со „црвено-црните“ и во нивниот европски предизвик.

Поврзани содржини