ВИШИОТ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ Е ПОД СОМНЕНИЕ ДЕКА ПРИМИЛ МИТО Полицијата ги претресува неговиот дом и службените простории

Плусинфо веќе објави дека вечерва во Прилеп, од страна на полицијата е лишен од слобода обвинител од Вишото јавно обвинителство во Битола. Според неофицијални информации, случајот се поврзува со постапување околу враќањето на пасошот на бизнисменот Борче Марковски.

1,859

Полицијата вечерва соопшти дека ги претресува домот и службените простории на виш јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Битола. Постои сомнение дека сторил кривично дело примање награда за противзаконито влијание.

Плусинфо веќе објави дека вечерва во Прилеп, од страна на полицијата е лишен од слобода обвинител од Вишото јавно обвинителство во Битола. Според неофицијални информации, случајот се поврзува со постапување околу враќањето на пасошот на бизнисменот Борче Марковски.






„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција обезбеди судски наредби за претрес на дом и службени простории на виш јавен обвинител во ВЈО Битола, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание од член 359 став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик“, информира Јавното обвинителство.

Обвинителството најави дека дополнителни информации ќе соопшти утре.

Претресите ги вршат припадници на Министерството за внатрешни работи. Судските наредби ги обезбедил јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Марковски е првообвинет во предмет за злоупотреби со тендер вреден над 1,7 милиони евра во РЕК Битола, а по излегувањето од притвор со гаранција од над 5 милиони евра, судот во Струга му го врати пасошот.

Тој потоа замина во Србија, но неговата одбрана во август соопшти дека патувал поради деловни обврски и дека се вратил во Битола.

УАПСЕН БИТОЛСКИ ВИШ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ Дали е поврзан со враќањето на пасошот на бизнисменот Марковски?

 

Поврзани содржини