МУ НАШЛЕ 94 ГРАФИЧКИ КАРТИЧКИ БЕЗ ДОКУМЕНТИ Скопјанец приведен во Куманово
Г.З. бил приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена пријава.
Полициски службеници од СВР Куманово синоќа во 19:40 часот го лишија од слобода Г.З. (37) од Скопје, откако при преглед во неговото возило биле пронајдени 94 графички картички без документи.
Г.З. бил приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.