МАЖ ПРЕГАЗЕН И ОСТАВЕН МРТОВ НА АВТОПАТ Полицијата го бара возачот кој побегнал од местото

Маж на неодредена возраст бил пронајден мртов покрај коловозот на автопатот. Полицијата работи на утврдување на неговиот идентитет и на пронаоѓање на возилото што го напуштило местото.

188

Маж на неодредена возраст вчера е пронајден мртов покрај коловозот на автопат, откако, според првичните информации, бил прегазен од возило кое го напуштило местото на несреќата. Лицето починало на местото на настанот од здобиените повреди.

Полициски службеници извршиле увид на локацијата, а се работи на утврдување на сите околности на случајот, како и на идентитетот на починатиот и возилото што учествувало во несреќата.






– На 05.10.2026 околу 05:30 часот во СВР Велес е пријавено дека на автопатот Градско-Велес, на место викано „Штипска клучка“, патничко возило удрило во пешакот С.М.(77) од село Мамутчево, велешко, по што возачот со возилото го напуштил местото. Од здобиените повреди пешакот С.М. починал на местото, а лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција – соопштија од МВР.

За случајот вчера говореше и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во гостувањето во емисијата „На кавга со Иван“ на телевизија Канал 5.

Од неговата изјава произлегува дека полицијата веќе работи на случајот, а се преземаат активности за утврдување на идентитетот на жртвата, околностите под кои настанала несреќата и за пронаоѓање на возилото и возачот кои го напуштиле местото.

Поврзани содржини