ГО ТЕПАЛЕ СО ТВРДИ ПРЕДМЕТИ, А КОН НЕГО И СИНОТ ВПЕРИЛЕ ПИШТОЛ Драма пред дом во Бит Пазар, скопјанец пријавил напад

Четири лица дошле пред домот на 38-годишен скопјанец во Бит Пазар. Двајца го нападнале со тврди предмети, а други двајца впериле пиштол кон него и неговиот син.

77

Триесет и осумгодишен скопјанец бил физички нападнат пред својот дом во скопската населба Бит Пазар, а во текот на инцидентот двајца од напаѓачите впериле пиштол кон него и неговиот син.

Според пријавеното, на 3 октомври околу 19:30 часот пред домот на С.К. дошол М.Р. заедно со уште три лица.






М.Р. и едно од лицата физички го нападнале С.К., при што употребиле и тврди предмети. Во исто време, двајца од четворицата впериле пиштол кон 38-годишникот и неговиот син.

Случајот бил пријавен во полиција на 4 октомври во 21:30 часот, а се работи на утврдување на сите околности и расчистување на инцидентот.

Поврзани содржини