ВИСКИТО ЌЕ ПАТУВА ВО ВСЕЛЕНАТА НА СОЗРЕВАЊЕ Шкотски и јапонски научници очекуваат експериментот да му даде и поинаков вкус на вискито
Се очекува истражувањето да даде увид и во тоа како фабриките би можеле да функционираат во орбитата, а кои би можеле да развиваат и молекули на лекови кои тешко се произведуваат на Земјата.
Експерти во Шкотска и во Јапонија имаат намера да стават шкотско виски во ракета во 2028 година и да лансираат сателит со примероци од виски и зрната од кои е направен на петгодишна мисија во орбитата на Земјата.
Тие се надеваат дека брзите промени во екстремно топлите и ладните услови на кои ќе биде изложено вискито додека патува околу планетата на секои 90 минути би можеле да го забрзаат процесот на созревање.
Тоа потенцијално би можело да ја отвори вратата за производство на виски зреено во вселената, а експертите кои работат на проектот очекуваат дека ќе има „многу силни“ вкусови поради неговото необично патување. Иако таквото виски би можело да достигне астрономски цени поради трошоците за лансирање и враќање на течноста, колекционерите веќе плаќаат стотици илјади долари за некои ретки шишиња од овој жесток пијалок.
Жил Баје од Универзитетот во Глазгов изјави дека голем број студенти од Шкотска отпатувале во Јапонија за да помогнат во дизајнирањето на помал сателит „cubesat“, кој ќе содржи мали примероци од виски и состојки за негово производство.
Се очекува истражувањето да даде увид и во тоа како фабриките би можеле да функционираат во орбитата, а кои би можеле да развиваат и молекули на лекови кои тешко се произведуваат на Земјата.
– Сакаме да го видиме ефектот на вселенската средина врз созревањето на вискито“. Тековниот план е сателитот да се лансира во 2028 година како дел од логистичката мисија на американската компанија „СпејсИкс“ до Меѓународната вселенска станица (МВС), а потоа да се постави во орбитата од јапонскиот модул на МВС -изјави Бејлет за новинската агенција „Прес Асошиејшн“.
Созревањето на вискито во дрвени буриња не е доволно научно истражено, објасни Бајлет, но би можело да се случи многу побрзо во вселената, каде што температурите одеднаш можат да се зголемат од -150 до 200 степени Целзиусови.
Научниците ќе го набљудуваат вискито во вселената со испраќање податоци од сателит за неговата боја и хемиски состав.
Вискито се произведува со мешање на јачмен со вода и квасец. Квасецот ги разградува шеќерите во јачменот, а нуспроизводот е етанол. Проектот, исто така, ќе покаже како етанолот, кој се користи во производството на многу лекови, може да се добие во орбитата.