ДРАМА ВО СЛОВЕНИЈА • МУ ОДЗЕЛ ПИШТОЛ НА ПОЛИЦАЕЦ И ПУКАЛ ВО НЕГО Го украл полициското возило и избегал

Словенецот (21) направил сообраќајка на обиколницата кај Љубљана, рани плицаец и избега со службено возило, па словенечката полиција покрена голема потера по него, го најде и го уапси.

155

 

Возач на возраст од 21 година, кој предизвикал сообраќајна несреќа на обиколницата Љубљана му го украл пиштолот на полицаецот што дошол на увид, пукал во него и го ранил, па го украл полициското возило и избегал. Осомничениот е фатен во Радовљица, јавија словенечките медиуми.






Одделот за полиција во Љубљана соопшто дека кратко пред 9 часот службениците на Сообраќајната полициската станица Љубљана на автопатот Горење, во близина на излезот Шмартно, дејствувале кон возачот кој, според досега познатите информации, претходно предизвикал сообраќајна несреќа на обиколницата Љубљана.

Во текот на постапката, возачот го украл службениот пиштол на полицаецот и го застрелал. На полицаецот му била укажана прва помош,, по што пренесен во медицинска установа. Неговиот живот не е во опасност.

Осомничениот потоа го украл службенотп полициско возило и се одвезол во правец на Горењска. Полициските службеници покренал потера, го пронашле и го уапсиле. Осомничениот, државјанин на Словенија, е во притвор.

Според неофицијални информации од словенечкиот портал Дневник, во близина на училиштето во Радовљица имало неколку полициски возила, во воздух имало хеликоптер, а полицијата ги насочувала минувачите кон блиските улици. Уучилиштето и градинката биле затворени за време на акцијата.

Полицајците интензивно ги проверуваат сите околности на настанот.

Поврзани содржини