🎥 ВО ПОЖАРОТ ВО ШУТО ОРИЗАРИ ИЗГОРЕА 20 ДУЌАНИ Сите биле сопственост на еден човек
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Повредени лица нема“, велат од МВР.
Голем пожар ноќеска избувна во трговски објект во скопската Општина Шуто Оризари. Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР) во пожарот нема повредени лица, но е предизвикана голема материјална штета.
Во огнетата стихија која избувнала нешто по 3 часот по полноќ, опожарени се повеќе од 20 дуќани за продажба на текстилни производи, сите во сопственост на едно лице С.С., кое ги издавало под кирија.
„Денеска (11.09.2026) околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето Шуто Оризари опожарени биле над 20 дуќани со текстилна и друга роба сопственост на С.С. кои ги има дадено под закупнина. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Повредени лица нема“, велат од МВР.
За големината на пожарот, покрај видео-снимките што ги објави порталот 4News.mk, говори и бројот на пожарникари и противпожарни возила на скопската Противпожарна бригада кои биле ангажирани во неговото гаснење, како и времетрањето на интервенцијата.