🎥 ЖЕНА СЕ УДАВИЛА ВО ВОЗИЛО ВО ПОДВОЗНИК ВО РИМ Силно невреме и поплави ја зафатија Италија

Втората жртва е постара жена од Синалунга, во регионот Тоскана, која го изгубила животот откако торнадо ги искршило прозорците од нејзиниот дом, при што искршените стакла смртно ја повредиле.

70

Најмалку две лица загинаа во силното невреме со поројни дождови, торнада и поплави што вчера зафати повеќе подрачја во Италија, предизвикувајќи колапс на сообраќајот во Рим и Милано, објавија италијанските медиуми.

Една од жртвите е жена која се удавила во својот автомобил додека се обидувала да помине низ поплавен подвозник во Латизана, во североисточниот италијански регион Фриули-Венеција Џулија. Нивото на водата во подвозникот нагло се зголемило и таа не успеала да излезе од возилото, а еден карабинер бил повреден и хоспитализиран при обидот да ја спаси.






Втората жртва е постара жена од Синалунга, во регионот Тоскана, која го изгубила животот откако торнадо ги искршило прозорците од нејзиниот дом, при што искршените стакла смртно ја повредиле.

Поројните дождови и силните ветрови предизвикаа големи поплави во низа италијански градови, меѓу кои и Милано.

Во главниот град Рим, невремето соборуваше дрвја, поплави повеќе метро-станици, ги претвори плоштадите и булеварите во реки и предизвика сообраќаен хаос, со големи доцнења во јавниот превоз и железничкиот сообраќај. Голем број туристи кои  сакале да се фотографираат пред Колосеумот, поради поројниот дожд беа принудени да се засолнат и да ја окупираат блиската метро-станица.

Итните служби во Рим вчера реагирале на над 300 повици поврзани со штетите од невремето, а локалните медиуми, меѓу кои и „Рома тудеј“, коментираат дека во главниот град се доволни само 15 минути дожд за ситуацијата целосно да излезе од контрола.

Поврзани содржини