ФАТЕН И КАЗНЕТ ЧОВЕКОТ ШТО ФРЛАШЕ ЃУБРЕ ВО РАДИКА Камерите го снимија, инспекторите го идентификуваа

По објавувањето на снимката, екипи на општинскиот инспекторат, во координација со други надлежни институции, презеле активности, по што сторителот бил пронајден и казнет.

340

Лицето кое беше снимено како од мост фрла отпад во реката Радика е идентификувано и санкционирано, информира Општина Дебар.

Случајот предизвика реакции откако спортското риболовно друштво „Трофта“ објави видео на социјалните мрежи, на кое се гледа маж како со возило застанува на мост и фрла вреќи и кутии со отпад во реката.






По објавувањето на снимката, екипи на општинскиот инспекторат, во координација со други надлежни институции, презеле активности, по што сторителот бил пронајден и казнет.

Од Општина Дебар најавија засилени контроли и порачаа дека секој што ќе ја загадува Радика, јавните површини или животната средина ќе се соочи со законски санкции.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Сител ТВ (@sitel.tv)

 

🎥 СНИМЕН КАКО ФРЛА ЃУБРЕ ВО РАДИКА Маж го испразни возилото на мостот

 

Поврзани содржини