ХАОС ВО ЗАГРЕБ, ЧИСТАЧКА ТРГНАЛА ДА СПАСИ УЧЕНИК ОД МАСКИРАН НАПАЃАЧ Тој ја избодел и неа, децата избегале од училиштето

Ученик со фантомка и со нож нападнал соученик во загрепско училиште. Чистачката се вмешала за да му помогне на момчето, а напаѓачот ја повредил и неа. Властите во Загреб го расчистуваат случајот. Се испитува и кој бил задолжен за безбедноста во училиштето.

189

Ученик во фантомка со нож нападнал ученик во срендо училиште во загребската населба Волтино. Чистачката се вмешала за да му го одвлече вниманието, а завршила избодена. Полицијата сè уште го утврдува мотивот.

Чистачката во загрепското училиште не била случајна втора жртва на нападот, пишува хрватски Индекс.






Кога видела дека маскиран млад човек со нож нападнал ученик, се вмешала и се обидела да му го одвлече вниманието. Напаѓачот тогаш ја избодел и неа. Децата во паника бегале на улица, а пред зградата пристигнале вооружени полицајци и екипи на Брза помош.

Полицијата засега не ја потврдува возраста на напаѓачот. Според сведоштвата на учениците, нападнатиот ученик бил прва година. Меѓу децата се проширила и информација дека напаѓачот учел во истото училиште и исто така бил прва година.

Со фантомка и нож низ училиштето

Нападот се случил околу 8 часот во образовен комплекс на улицата Конавоска. Во зградата се сместени две средни училишта и една високообразовна институција.

Според неофицијалните информации, млад човек со фантомка се движел низ зградата вооружен со нож. Учениците исплашено им јавувале на родителите дека низ училиштето се движи маскиран напаѓач.

Дел од децата успеале да истрчаат од зградата и да побегнат на улица.

Тогаш се случил и инцидентот за кој раскажувале учениците пред училиштето.

Мотивот останува неразсјанет.

Според негофицијалните информации на „Индекс“, напаѓачот и нападнатиот ученик се скарале во четвртокот, 10 септември. За време на расправијата, напаѓачот отворено му се заканил на својот врсник, велејќи му „да се чува“.

Две носилки пред училиштето

Сликите пред училиштето ја покажале тежината на ситуацијата. Екипите на Брза помош изнеле најмалку две лица на носилки. Повредените веднаш биле префрлени во болница.

Пред комплексот пристигнале бројни полицајци, меѓу нив и припадници вооружени со долго оружје. Полицијата го опколила просторот со лента, а во и околу зградата почнал увид.

Напаѓачот бил ставен под полициски надзор.

„Денес, 11 септември, околу 8 часот наутро, се случи инцидент во образовна институција на улицата Конавоска во Загреб, во кој еден ученик повреди друг ученик и вработен во институцијата со остар предмет“, соопшти загрепската полиција.

За безбедноста била задолжена постара жена?

Нападот го отворил и прашањето за обезбедувањето во комплексот. 

Ученици пред зградата тврделе дека училиштето имало службеник за обезбедување. Според нив, станувало збор за повозрасна жена која не можела физички да му се спротивстави на вооружениот напаѓач.

И овој дел доаѓа од сведоштвата на учениците и не бил официјално потврден од училиштето или од полицијата.

Истражителите продолжиле да го обезбедуваат местото и да утврдуваат како напаѓачот влегол во зградата со балаклава и со нож.

Поврзани содржини