ЖЕСТОК ДУЕЛ ВО ЖЕНСКОТО ФИНАЛЕ НА УС ОПЕН Рибакина го презеде тронот на ВТА, дали ќе ја освои и титулата?
Арина Сабаленка и Елена Рибакина ќе се борат за шампионскиот пехар на УС опен, а тоа ќе биде воедно меч на актуелната тенисерка број 1 (Сабаленка) и на новата број 1 од понеделник (Рибакина). Тие ги совладаа американските тенисерки Џесика Пегула и Коко Гоф и спречија американска тенисерка да игра во финалето. Финалето Сабаленка – Рибакина се игра во сабота навечер во 22 часот.
Во првото полуфинале Сабаленка со 2:0 во сетови ја совлада Пегула со 7:5 и 6:2 во гемови. Како одминува турнирот Сабаленка игра во сѐ подобра форма, иако пред почетокот беше во серија лоши настапи. Сабаленка ќе го игра своето четврто финале во Њујорк.
Рибакина со пресврт стигна до финалето откако нејзината противничка во полуфиналето Коко Гоф водеше со 1:0 откако го доби првиот сет со 6:3 во гемови. Но, во следните два Рибакина беше подобра со 6:4.
Вечерва на програмата се полуфиналните мечеви кај мажите Александер Зверев – Карен Качанов и американскиот дуел меѓу Франсис Тиафое и Бен Шелдон.