КЕСИЌ Е ТАЖЕН И БЕСЕН, НАЈАВИ ОДМАЗДА ВО НОВАТА СЕЗОНА Емисијата „24 минути“ се сели на Јутјуб канал со 600.000 следбеници

Немам намера да бидам вулгарен ниту да се претворам во нешто што суштински не сум. Ќе останеме фини и опасни. Изгледа дека сум еден од најопасните луѓе во нашата земја, заедно со мојата екипа, и тоа некако ми импонира - рече Кесиќ.

472

Масовен собир за поддршка на познатиот сатиричар и новинар Зоран Кесиќ, се одржа синоќа во Белград, откако неговата култна телевизиска емисија „24 минути“ беше ненадејно укината по цели 13 години емитување. Граѓани и јавни личности се собраа во центарот на српската престолнина за да дадат поддршка против притисоците врз слободата на говорот.

И покрај тоа што новите сопственици на телевизијата ја објаснија одлуката за укинување на емисијата како економски исплатлива, Кесиќ истакнува дека зад неа стојат политички мотиви на само два месеца пред предвремените избори во Србија.






Илјадници граѓани, медиумски работници и јавни личности – меѓу кои и познатите актери Драган Бјелогрлиќ и Светлана Бојковиќ – се собраа на плоштадот Никола Пашиќ. Протестниот марш помина покрај Народното собрание и Претседателството на Србија, испраќајќи силна порака против цензурата и за заштита на слободното новинарство. Собирот го организираа водечките новинарски здруженија во земјата (НУНС, УНС и други), со став дека ова не е битка само за едно шоу, туку за правото на јавноста да ја критикува власта.

Што ќе биде со емисијата „24 минути“?

Иако менаџментот на телевизијата (која неодамна беше преземена од португалскиот инвестициски фонд „Алпак капитал“) соопшти дека соработката се прекинува од „економски причини“ бидејќи емисијата била прескапа, Кесиќ и неговиот тим јавно ги демантираа овие тврдења.

Емисијата не згаснува, туку целосно се сели на интернет. Шоуто се префрла на Јутјуб каналот „24 минути“, кој има повеќе од 600.000 следбеници. Новата сезона почнува на 19 септември во 19:30 часот.

– Целата ситуација за мене е потполно шизофрена, луда. Мисијата на нашата емисија беше да укажуваме на жртвите на овој режим. Би можел да кажам дека очекував и дека ништо не може да ме изненади, но нема да лажам. Се чувствував грозно. Осетив дека ни е нанесена голема неправда. Бев тажен и бесен. Сакав да се одмаздам и сè уште сакам да се одмаздам, сакам да се борам – изјави Кесиќ.

Тој најави дека тоа чувство ќе го преточи во нова сезона од емисијата.

– Тоа ќе биде нашиот медиум, нашата телевизија. Ако тоа е нашето единствено прибежиште, ќе ги поканиме сите следбеници да ни помогнат да опстане ова нашето, кое е и нивно. Немам намера да бидам вулгарен ниту да се претворам во нешто што суштински не сум. Ќе останеме фини и опасни. Изгледа дека сум еден од најопасните луѓе во нашата земја, заедно со мојата екипа, и тоа некако ми импонира – рече Кесиќ.

 

КРАЈ ЗА „24 МИНУТИ СО ЗОРАН КЕСИЌ“ НА НОВА С Новото раководство откри зошто го укинува популарното шоу

Поврзани содржини