📽️ ПУСИКЕТ ДОЛС СЕ ВРАТИЈА НА СЦЕНАТА КАКО ТРИО Прво мораа да откажат многу настапи поради слабата продажба на билети, а потоа на сите им покажаа што пропуштаат

Од шестчлената постава која ги сними „Don’t Cha“ и „Buttons“ денес останаа само Од шестчлената постава која ги сними „Don’t Cha“ и „Buttons“ денес останаа само Никол, Ешли и Кимберли. Триото ја започна турнејата „PCD Forever“ во Данска со одличен настап, со намалени цени на билетите и откажани концерти преку океанот.

76

Пусикет Долс (Pussycat Dolls) повторно се на сцена. Никол Шерцингер, Ешли Робертс и Кимберли Вајат ја започнаа европската турнеја „PCD Forever“ со концерт во Копенхаген, враќајќи ги на сцена песните што ја одбележаа поп-музиката во првата деценија од 2000-тите.

Трите пејачки ги изведоа „Don’t Cha“, „Buttons“, „Stickwitu“, „When I Grow Up“, „Jai Ho!“ и „Club Song“, а во програмата има и песни од нивните соло кариери. Шерцингер, меѓу другото, ги изведе и своите соло хитови „Wet“ и „Don’t Hold Your Breath“.






Сепак, составот што сега е на сцената не е истиот Pussycat Dolls што публиката го запозна во времето на нивната најголема популарност.

@berni_sounds_

The Pussycat Dolls perform Don’t Cha at their PCD Forever Tour! Denmark first stop 🔥 @The Pussycat Dolls #pcd #pussycatdolls #pcdforevertour

♬ sonido original – Berni Sounds

Pussycat Dolls во 1995 година ги основала кореографката Робин Антин како необурлескна танцова трупа во Лос Анџелес. Осум години подоцна, проектот добил нова форма. Антин, со поддршка од музичкиот продуцент Џими Ајовин и „Interscope“, го претворила во поп-група.

За музичката група во 2003 година биле ангажирани Никол Шерцингер и Мелоди Торнтон како пејачки, а им се приклучиле Кармит Бачар, Ешли Робертс, Џесика Сута и Кимберли Вајат.

Токму оваа шестчлена постава го сними првиот албум „PCD“ од 2005 година, на кој се најдоа огромните хитови „Don’t Cha“, „Stickwitu“ и „Buttons“.

Кармит Бачар беше првата од шесте што го напушти составот. Таа си замина во 2008 година, пред излегувањето на вториот и последен студиски албум „Doll Domination“. Останатите пет продолжија уште некое време, а по светската турнеја во 2009 година групата замина на пауза и во 2010 година престана да функционира.

Во меѓувреме, речиси сите членки тргнаа по свои патишта. Најголема соло кариера направи Шерцингер, која и во Pussycat Dolls беше главниот вокал. По распаѓањето на групата имаше соло хитови како „Poison“, „Don’t Hold Your Breath“ и „Right There“, а подоцна се посвети и на мјузикли и телевизиски проекти.

Ешли Робертс се префрли во телевизијата и радиото во Велика Британија, но продолжи да работи и како пејачка и танчерка. Кимберли Вајат, пак, ја продолжи кариерата како пејачка, танчерка и телевизиска ѕвезда, а подоцна беше дел и од други музички проекти.

Мелоди Торнтон, која во групата беше најмладата членка и една од оние со позначајна вокална улога покрај Шерцингер, исто така започна соло кариера. Таа објавуваше сопствена музика и настапуваше под свое име.

И Џесика Сута се посвети на соло музиката. По Pussycat Dolls таа објавуваше песни под свое име и подоцна се насочи кон електронската и денс-музиката.

Нов обид за обединување дојде во 2019 година. Тогаш Шерцингер, Робертс, Вајат, Бачар и Сута најавија враќање како петчлена постава, без Мелоди Торнтон. Групата ја објави песната „React“ и најави голема турнеја.

Но, враќањето не се реализираше како што беше планирано. Турнејата беше одложувана поради пандемијата, а потоа следуваа договорни проблеми и правен спор меѓу Шерцингер и основачката на Pussycat Dolls, Робин Антин. Спорот конечно беше решен во 2025 година, но до тогаш односите меѓу дел од поранешните членки веќе биле нарушени.

Сега во новата постава се само Шерцингер, Робертс и Вајат. Бачар и Сута, кои беа дел од претходното обединување, овојпат не се вклучени, додека Торнтон останува надвор од групата.

Бачар дури јавно кажа дека не била контактирана за ова обединување, иако не затвори врата за идни проекти.

Сепак, камбекот не оди баш лесно. Северноамериканскиот дел од турнејата беше откажан поради слабата продажба на билети, а цените за дел од британските концерти подоцна беа значително намалени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by THE PUSSYCAT DOLLS (@pussycatdolls)

Сепак, во Копенхаген трите покажаа дека интересот за носталгијата по Pussycat Dolls сè уште постои. А според Кимберли Вајат, оваа турнеја можеби е и последната можност публиката да ги види заедно. Таа неодамна изјави дека настапувањето со мислата дека можеби е последен пат прави секој момент да биде посебен.

Поврзани содржини