ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЗА ВОВЕД ВО ЕСЕНТА Од викендов посвежо и врнежливо време

Времето утре ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

108

Времето утре ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.






Минималната температура најниско ќе се спушти во Берово, до 12 степени Целзиусови. Најтопло ќе биде во Велес, Штип и во Гевгелија, каде температурата ќе достигне 35 степени.

Фото: Принтскрин

 

Под влијание на циклонска активност за време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.

Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни, во количина над 15 литри на квадрат, проследени со грмежи и засилен северен ветер со брзина над 40 километри на час.

Од сабота дневната температура ќе биде во опаѓање.

Потоа, до средината на следната седмица следува релативно стабилно и посвежо време.

Во Скопје за време на викендот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер .

 

Фото: Принтскрин
Поврзани содржини