УАПСЕН ЗАМЕНИК ДИРЕКТОР ВО ЦАРИНСКАТА УПРАВА Зел мито од над 15.000 евра, па избегал, полицијата го фатила
Џевер Имери, вработен во Царинската управа како заменик-директор на Секторот за администрација, е уапсен откако побарал мито од над 15.000 евра во врска со тендер во Царинската управа.
Џевер Имери, вработен во Царинската управа како заменик-директор на Секторот за администрација, е уапсен откако побарал мито од над 15.000 евра во врска со тендер во Царинската управа.
МВР, преку Бирото за јавна безбедност, обезбедило обележани пари кои му биле предадени на осомничениот.
По преземањето на парите, Имери не застанал на полициските наредби и избегал. По преземените мерки и активности, полициските службеници го фатиле и го лишиле од слобода.
Ова е конкретна борба против криминалот и корупцијата. Законот мора да важи подеднакво за сите, без разлика на функцијата и позицијата.