БЕРЛИН НЕ САКА АФД ДА ДОБИЕ ПРИСТАП ДО ТАЈНИОТ ВОЕН ПЛАН Изговор се стравувања дека ќе му биде предаден на Москва
Германските власти веќе неколку месеци разгледуваат механизми за заштита на доверливите информации во случај АфД да формира влада во некоја од сојузните покраини.
Германското Министерство за одбрана ја разгледува можноста на идната влада на Саксонија-Анхалт да ѝ биде ограничен пристапот до исклучително чувствителен воен план доколку десничарската Алтернатива за Германија (АфД) ја преземе власта во оваа источна германска сојузна покраина, објави „Блумберг“.
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус сака да се осигура дека потенцијалната покраинска влада предводена од АфД нема да може да му го проследи документот на официјална Москва.
Документот од околу 1.000 страници, познат како „ОПЛАН“, го дефинира одговорот на германските власти и на НАТО во случај на војна или криза, вклучително и прераспределбата и преместувањето на сојузничките сили кон Источна Европа, а неговата целосна верзија моментално им е достапна на раководствата на сите 16 сојузни покраини.
АфД во неделата победи на покраинските избори со околу 44 отсто од гласовите и освои 39 од вкупно 83 пратенички места, но не обезбеди апсолутно мнозинство. Формирањето на идната влада сè уште е неизвесно.
Германските власти веќе неколку месеци разгледуваат механизми за заштита на доверливите информации во случај АфД да формира влада во некоја од сојузните покраини.
Покраинскиот огранок на АфД во Саксонија-Анхалт од 2023 година е официјално класифициран како докажано десничарска екстремистичка организација од страна на покраинската служба за домашна безбедност, што партијата го оспорува по судски пат. Партијата исто така се залага за обновување на економските односи со Русија и отворено се противи на испраќањето воена помош за Украина