ХАРИ СТАЈЛС ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ ПО ТУРНЕЈАТА? Пораката на пејачот предизвика шпекулации за нова пауза од музиката
Пејачот најави нови концерти за 2027 година, но рече дека потоа „не знае што следува“. Во меѓувреме, билетот за концертот кој Хари Стајлс го одржа на 9 септември во Њујорк, предизвика револт поради несоодветната алузија на нападите од 11 Септември.
Хари Стајлс ги изненади фановите со најава дека неговата „Тугедр, Тугедр“ турнеја ќе продолжи и во 2027 година, но една реченица од неговата порака веднаш ги натера да се запрашаат дали по ова планира да направи голема пауза од музиката.
Британскиот пејач им се обрати на фановите преку порака во која објасни дека дополнителните концерти првично не биле планирани. Одлуката да продолжи со турнејата во 2027 година за него била „застрашувачка“, бидејќи како уметник настапува уште од својата 16-та година.
– Откако ќе заврши тоа, не знам што следува за мене, но знам дека со возбуда чекам да дознаам – напиша Стајлс. Токму оваа реченица предизвика шпекулации дека по завршувањето на турнејата би можел да направи подолга пауза или дури да се повлече од музичката сцена.
Во моментов Хари е на средината на 30-те концерти во „Медисон сквер гарден“, кои започнаа на 26 август и ќе траат до 31 октомври. Потоа заминува во Австралија, каде што ќе одржи шест концерти, пред да продолжи со последните датуми од турнејата во 2027 година.
Пејачот деновиве се најде и во центарот на сосема поинаква полемика по концертот во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк на 9 септември. Причината не беше неговиот настап, туку – билетот.
На билетот била испечатена илустрација на жолт автомобил кој изгледа како да лета над Њујорк, со траекторија која минува покрај „Емпајер стејт билдинг“. На дел од фановите илустрацијата им изгледала како несоодветна алузија на нападите од 11 Септември, крајно несоодветна, особено поради тајмингот на концертот кој се одржа непосредно пред 25-годишнината од нападите во кои загинаа речиси 3.000 луѓе.
Реакциите на социјалните мрежи се жестоки, а дел од корисниците прашуваат кој го одобрил дизајнот. Хари Стајлс досега не го коментирал спорниот дизајн.