ДЕНЕС СЕ ЖИВЕЕ ПОДОБРО ОД ПРЕД 3 ГОДИНИ, А ЗА 3 ГОДИНИ ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ ПОДОБРО ОД ДЕНЕС Владата на Мицкоски донела инвестиции од 1,4 милијарди евра

Владата останува целосно ориентирана кон привлекување како на странски, така и на домашни инвеститори.

78

Вкупното ниво на странски инвестиции откако е избрана оваа Влада изнесува околу една милијарда и 400 милиони евра, изјави денеска во Прилеп премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за владините резултати од привлекување на инвестиции изминативе две години.

​Правејќи споредба со резултатите од работењето на претходниот владин состав, премиерот истакна дека разликата е повеќе од очигледна. ​






– Иако секогаш ми велат „не се споредувај со претходно“, но ние мораме да се споредиме и со претходната влада, бидејќи ние сме влада која победила. Ако ги споредиме овие две години со првите две години на таа влада, тогаш кога немаше кризи, тогаш ќе стане збор за споредба помеѓу отприлика една милијарда и 400 милиони евра кај оваа Влада и околу 750 милиони евра кај претходната влада. Разликата е огромна – рече Мицкоски, кој денеска присустуваше на отворањето на новиот погон на фабриката „ВИК“ (WIK) во ТИРЗ Прилеп. ​

Тој нагласи дека Владата останува целосно ориентирана кон привлекување како на странски, така и на домашни инвеститори.

– ​Во случајов можам само да кажам дека имајќи предвид каква беше состојбата во државата пред 25-6 месеци, она што го наследивме со уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани, можам да кажам дека колку и да сакаат тие да го оцрнат тоа што денес оваа Влада го работи, ќе мора сите да се сложиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години. А јас ви ветувам дека за три години од денеска ќе се живее многу подобро од денес – изјави Мицкоски.

Тој порача дека тоа е целта на Владата и се мотиварни да испорачуваат проекти, инвестиции, што граѓаните можат да ги видат, а кои што придонесуваат за подобар стандард и живот.

– Инспирацијата целосно ја црпиме од поддршката која што ја добиваме од граѓаните и јас сум за тоа исклучително благодарен, ​дека е сè идеално – не е. Дека има грешки – има, кој работи знае и понекогаш да погреши, но дека е многу подобро од пред три години мора сите да се сложиме дека е – рече Мицкоски.

 

Поврзани содржини