ГО НАТЕРАЛ СВОЈОТ 10-ГОДИШЕН СИН ДА ПУКА ВО НЕГОВИОТ БИЗНИС ПАРТНЕР!? Хорор во црковен двор во Обреновац

Повредениот млад човек веднаш бил пренесен во болница со прострелни рани на рацете и е надвор од животна опасност. Случајот ја потресе српската јавност, а ги зачуди дури и најискусните полициски инспектори.

186

Полицијата во српскиот град Уб го уапси 44-годишниот Славко О., лице со богато криминално досие, откако тој го натерал својот 10-годишен син да пука во неговиот деловен партнер М.Р. (25) во дворот на црква во близина на Обреновац.

Инцидентот се случил во средата вечерта околу 21 часот, а мотив за конфронтацијата биле нерешени финансиски односи во заедничкиот бизнис со сеча и продажба на дрва. За време на расправијата, Славко извадил пиштол, му го предал на 10-годишното дете и го натерал да пука кон М.Р.






Целиот напад се случил пред очите на црковниот свештеник, кој по инцидентот изјавил дека првично мислел оти возилото застанува за верниците да запалат свеќа. Повредениот млад човек веднаш бил пренесен во болница со прострелни рани на рацете и е надвор од животна опасност.

Според полициските податоци, осомничениот Славко О. и претходно им бил добро познат на оперативците со досие кое вклучува седум тешки кривични дела, меѓу кои нелегално поседување оружје, кражба на дрво, насилно однесување и сообраќајни прекршоци. Сепак, последното негово ,кривично дело ги зачуди дури и искусните инспектори.

– Да се користи 10-годишно дете како жива машина за пукање и да му се стави наполнет пиштол во рацете, тоа ги запрепасти дури и најискусните инспектори кои работат на случајот – открива добро информиран извор од истрагата за Телеграф.рс.

Со брза полициска интервенција теренот бил блокиран, пиштолот бил пронајден и испратен на вештачење, а десетгодишното дете било безбедно извлечено од местото на настанот.

На осомничениот Славко О. му е одреден притвор до 48 часа, а случајот е преземен од Вишото јавно обвинителство. Поради учество на малолетник во вооружениот напад, итно е вклучен и Центарот за социјална работа за пружање правна и психолошка поддршка на момчето.

Поврзани содржини