ГЕРМАНИЈА Е БУКВАЛНО НА НИШАНОТ НА МОСКВА, ПРЕДУПРЕДИ ПИСТОРИУС Берлин ќе потроши 140 милијарди евра на одбраната

Москва користи голем дел од својот буџет за да ги надополни своите залихи за идните конфликти, а не да ги испраќа на линијата на фронтот во Украина, рече денеска германскиот министер за одбрана Борис Писториус пред пратениците во Бундестагот.

166

Значителното зголемување на трошоците за одбрана од страна на ферманската влада значи посветеност на безбедноста, рече денеска германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

Тој пред пратениците во Бундестагот рече дека 140-те милијарди евра наменети за буџетот за одбрана за следната година претставуваат „многу пари“ и дека е важна дебатата за приоритетите, исплатливоста и за јавниот долг.






– Безбедноста е основа на мирот. На следните генерации им должиме здрави јавни финансии, но пред сè, земја што може да ја брани својата слобода и мир – рече Писториус.

Тој предупреди дека Германија е „буквално на нишанот на Москва“.

Инцидентите, како што се осуетениот напад со донови  натоварени со експлозив во Лајпциг, вооружените руски борбени авиони во естонскиот воздушен простор и беспилотните летала над териториите на НАТО го покажуваат ова јасно, додаде тој.

– Русија се обидува да нè шпионира, да влијае, да заплашува и да ги дестабилизира нашите општества и, пред сè, да ги вознемири луѓето – рече Писториус.

Русија, според него, троши половина од својот вкупен буџет за воени трошоци.

Руската војска треба да се прошири на 1,5 милиони војниц и регрутирала нешто помалку од 30.000 странски војници од Северна Кореја и други земји низ целиот свет, додаде.

– Москва користи голем дел од својот буџет за да ги надополни своите залихи за идните конфликти, а не да ги испраќа на линијата на фронтот во Украина. Од 150-те ракети со краток и среден дострел што Русија може да ги произведува секој месец, во просек само околу 80 се всушност истрелани во Украина – рече германскиот министер за одбрана.

Поврзани содржини