ОД САБОТА СЕ ВКЛУЧУВААТ КАМЕРИТЕ НА „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ВО ВЕЛЕС Полицијата апелира да се почитуваат сообраќајните правила

По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Велес.

0

Од сабота (12.09.2026) почнува примената на системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ на подрачје на СВР Велес, соопшти Министерството за внатрешни работи.

По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Велес.






„Со активирањето на системот ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата“, велат од МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.

Поврзани содржини