ДЕВИЗНИТЕ РЕЗЕРВИ ПОРАСНАА ЗА 90 МИЛИОНИ ЕВРА ВО АВГУСТ Сега изнесуваат повеќе од 5 милијарди евра

Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (69,4%), по што следуваат монетарното злато (17,2 %) и валутите и депозитите (13,4%).

44

На крајот на август годинава официјалните девизни резерви изнесуваат 5,10 милијарди евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 90,2 милиони евра, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (69,4%), по што следуваат монетарното злато (17,2 %) и валутите и депозитите (13,4%).






Ова е втор последователен месец на раст по јули, кога резервите пораснале за 74,4 милиони евра.

Растот на девизните резерви ја отсликува стабилната позиција на централната банка и одржувањето на висока девизна ликвидност која ги поддржува домашната валута и меѓународните плаќања. Нивната примарна функција е да ја заштитат економијата од надворешни шокови, да обезбедат редовно сервисирање на надворешниот јавен долг и да овозможат интервенции на девизниот пазар. Нивото на девизните резерви е тесно поврзано со позицијата на државата на меѓународниот пазар.

Поврзани содржини