ПРЕД ДА ЗБОРУВА ЗА ЕКОНОМИЈА СДСМ ДА ОДГОВОРИ ЗА ДОЛГОВИТЕ ШТО ГИ ОСТАВИ ЗАД СЕБЕ До 2030 година доспеваат уште 8 милијарди евра!

Само во 2026 година доспеваат околу 1,5 милијарди евра, а потоа уште 1,5 милијарди во 2027, 1,9 милијарди во 2028, 1,3 милијарди во 2029 и 1,4 милијарди евра во 2030 година.

37

Кога СДСМ зборува за јавниот долг, прво треба да одговори за сметката што ја остави зад себе заедно со ДУИ додека беше на власт – вели ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

„ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста да ја води Владата во јуни 2024 година со јавен долг над 60 проценти од БДП. Денес долгот изнесува 58,8 проценти од БДП, односно е понизок од затекнатото ниво, со тоа што Владата уредно ги сервисира обврските што ги наследи.






Во наредните години доспеваат околу 8 милијарди евра долгови преземени во времето на СДСМ и ДУИ. Само во 2026 година доспеваат околу 1,5 милијарди евра, а потоа уште 1,5 милијарди во 2027, 1,9 милијарди во 2028, 1,3 милијарди во 2029 и 1,4 милијарди евра во 2030 година.

Тоа е сметката што ја оставија СДСМ и ДУИ и треба да одговорат и за 4,5 милијарди евра со кои ја задолжи државата за само 7 години. За што беа потрошени тие пари?

Ако сакаат да зборуваат за економија нека зборуваат со официјални бројки, но тоа не им одговора оти бројките не се на нивната страна на водење лажни кампањи. Бројките покажуваат дека растот на економијата во вториот квартал од 2026 година за 4,3 проценти.

Дека економските политики на Владата се добри говори и фактот дека осум квартали по ред има раст од над 3 проценти. И без годините на ковид пандемијата, разликата сепак е очигледна. Просечниот раст кај претходната власт на СДСМ и ДУИ е околу 2,6 проценти.

Затоа наместо СДСМ да ги извртyва фактите, време е да одговори за долговите, за потрошените милијарди и сметката што ја остави зад себе“ – наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Поврзани содржини