ДОАЃА ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО, КОНЕЧНО ДОЖД Претпладне горештина, попладне порој, грмежи и ветер

Времето утре ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност, а во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи.

0

Времето утре ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи, од каде и за утре издадоа портокалов метеоаларм за топло време за целата територија на Македонија.

Во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи.






Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура најниско ќе се спушти во Берово, до 8 степени Целзиусови Најтопло ќе биде во Скопје, Гевгелија, Фемир Капија и во Велес, каде максималната температура ќе изнесува 35 степени.

 

Фото: УХМР

 

И во четврток претпладне времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност, а попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Заради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

До крајот на оваа седмица наместа ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Фото: УХМР
Поврзани содржини