МАКЕДОНИЈА ИМА ЕДНА ОД НАЈНИСКИТЕ СТАКИ НА ИНФЛАЦИЈА ВО ЕВРОПА Економијата покажува знаци на стабилизација и раст

Според владата, овие податоци се особено важни, ако се има предвид дека инфлациските притисоци во Европа повторно се засилуваат. Инфлацијата во еврозоната се зголеми од 2,9% во јули на проценети 3,3% во август, при што енергетската компонента бележи годишен раст од 14,3%.

36

Најновите податоци за август покажуваат продолжување на стабилизирањето на цените и позитивните движења во македонската економија. Годишната стапка на инфлација во август 2026 година изнесува 2,6%, додека во истиот месец во 2022 година инфлацијата изнесуваше дури 16,8%. Тоа покажува колку значително е намален инфлацискиот притисок во споредба со периодот кога граѓаните и стопанството се соочуваа со силен раст на цените, соопшти владата.

Од владата велат дека особено значајна е споредбата со европските економии.






– Според досега објавените податоци на Евростат, инфлацијата во еврозоната во август се проценува на 3,3%, наспроти 2,6% во Македонија. Во јули инфлацијата во еврозоната изнесуваше 2,9%, додека во Македонија беше 2,3%. Тоа значи дека втор месец по ред Македонија има пониска стапка на инфлација од еврозоната. Од досега објавените податоци на Евростат за август, пониска стапка од 2,6% имаат Финска со 2,4%, Малта со 1,9% и Естонија со 1,3%. Истовремено, повисока инфлација имаат голем број европски економии, меѓу кои Бугарија со 5,1%, Шпанија со 4,5%, Белгија со 4,2 %, Хрватска со 3,7%, Грција со 3,7%, Словенија со 3,4%, Италија со 3,2% и Германија со 2,9% – велат од Владата.

Според владата, овие податоци се особено важни, ако се има предвид дека инфлациските притисоци во Европа повторно се засилуваат. Инфлацијата во еврозоната се зголеми од 2,9% во јули на проценети 3,3% во август, при што енергетската компонента бележи годишен раст од 14,3%.

-Македонија, во услови на повторно засилени надворешни ценовни притисоци, успева да ја одржи инфлацијата на релативно ниско ниво. Ова е уште еден позитивен економски показател на почетокот на септември. Индустриското производство во јули бележи раст од 1,3%, а во првите седум месеци од годината е зголемено за 0,9%. Последните економски показатели треба да се гледаат како целина – раст на индустриското производство, раст на економијата и стабилизирање на инфлацијата на ниво пониско од еврозоната – велат од владата.

Оттаму додаваат дека Владата останува целосно посветена на политики коишто ќе обезбедат стабилност на цените, заштита на животниот стандард, повисоки плати и пензии, нови инвестиции и забрзан економски раст.

-Од инфлација од 16,8% во август 2022 година до 2,6% во август 2026 година. Од ценовни шокови кон стабилизација. Од економска неизвесност кон раст и поголема предвидливост. Македонската економија се стабилизира, а позитивните показатели од почетокот на септември даваат основа овој тренд да продолжи – посочуваат од владата.

Поврзани содржини