НА ПЕРПАРИМ БАЈРАМИ ЌЕ МУ СЕ СУДИ ВО ОТСУСТВО Груби и останатите обвинети денеска седнуваат во обвинителна клупа

Обвинението го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, судијка е Билјана Шуплиновска-Јовевски, а застапник на одбраната на Бајрами е Еленко Миланов.

236

На првообвинетиот во случајот „Државна лотарија“ Перпарим Бајрами, кој е во бегство, ќе му се суди во отсуство. Обвинителството побара, а судот прифати на поранешниот директор на Лотарија да му се суди во отсуство.

За него претходно е донесена одлука доколку биде лишен од слобода веднаш да биде спроведен во притвор.






Адвокат на Бајрами е Еленко Миланов а него ангажирала неговата сестра Вјолца Османи.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судскиот процес за наводните злоупотреби во АД „Државна лотарија“, во кој меѓу обвинетите е и поранешниот вицепремиер Артан Груби.

Предметот го води судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски, кој ја одложи главната расправа претходно за да им се овозможи на обвинетите и нивните бранители дополнително време за увид во доказите и подготовка на одбраната.

Обвинението го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски. Тие најавија изведување на 231 материјален доказ, вештачења и сослушување на седум сведоци.

Според обвинителниот предлог на ОЈО Скопје, Груби и уште седум лица се обвинети дека во текот на 2023 и 2024 година, со пречекорување на службените овластувања, предизвикале штета на „Државна лотарија“ од над 507 милиони денари.

Поврзани содржини