НЕВРЕМЕ СО ГРАД ВО СРЕДА И ВО ЧЕТВРТОК Топлата седмица носи два нестабилни дена

Среда и четврток ќе почнат со сонце и со топло време, но попладне атмосферата ќе стане нестабилна, најави УХМР.

103

Сончево и топло време ќе преовладува во среда и во четврток претпладне. Попладне сликата ќе се менува. Наместа се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР.

Големата енергија во атмосферата локално може да донесе и невреме. Се очекуваат интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.






Нестабилноста нема целосно да исчезне ниту до крајот на седмицата. Наместа ќе има услови за пороен дожд, грмежи и за засилен ветер.

Скопје ќе има сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд, грмежи и за засилен ветер.

Поврзани содржини