ИСТОРИСКИ НАЈВИСОК РАСТ НА ГРАДЕЖНИШТВОТО ВО ВТОРИОТ КВАРТАЛ За три месеци се завршени градежни работи во вредност од 242 милиони евра

Министерот за транспорт Александар Николоски оцени дека се работи за исклучително висок раст, и раст кој што не е феномен само за вториот квартал, туку е континуитет уште од минатата година. 

44

Растот од 22% во градежништвото е историски највисок квартал, оцени денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој присуствуваше во Куманово на примопредавање на новите комунални возила набавени од Светска банка.

Николоски истакна дека се работи за исклучително висок раст, и раст кој што не е феномен само за вториот квартал, туку е континуитет уште од минатата година.






-Ние во 2024 година ги поставивме темелите, ги поставивме проектите и веќе од 2025 гледаме силен развој во делот на градежништвото. Секој квартал е далеку, далеку над она што било просек претходно. Ова е историски највисок квартал- рече Николоски.

Министерот за транспорт посочи дека на терен се завршени градежни работи со вредност од 242 милиони евра и тоа за само 3 месеци, а како што рече „споредено со истиот период минатата година, растот е околу 22%, а и минатата година имаше раст“.

-Навистина градежништвото станува основен двигател на економијата и ќе продолжиме тоа да го правиме во следниот период – да реализираме уште доста бројни проекти кои што ќе значат сериозен раст на градежништвото, а со тоа и на бруто-домашниот производ- рече Николоски.

Поврзани содржини