СО МОТОР УДРИЛ ВО БАНКИНА И ПОЧИНАЛ НА МЕСТОТО Несреќа на патот Крива Паланка – Куманово
Од здобиените повреди, 50-годишниот мотоциклист починал на самото место.
Тешка сообраќајна несреќа со трагичен исход се случила вчера (недела) околу 13 часот на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во атарот на селото Градец.
Според информациите од МВР, мотоцикл со неготински регистарски ознаки, управуван од М.Н. (50) од Неготино, удрил во банкина.
Од здобиените повреди, 50-годишниот мотоциклист починал на самото место.
Несреќата била пријавена во ОВР Крива Паланка, а увид на местото извршила полициска екипа.
Се очекува надлежните да ги утврдат околностите под кои дошло до трагичната сообраќајна несреќа.