СО ТРИМЕР ЗА КОСЕЊЕ ПРЕДИЗВИКАЛ ПОЖАР Уапсен жител на Македонски Брод
Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа од ЈП „Национални шуми" и локалното население.
Полициски службеници од ОВР Македонски Брод завчера го уапсија М.Т.(38) од Македонски Брод, постапувајќи по пријава дека на 05.09.2026 околу 10:00 часот предизвикал пожар во село Брезница, Македонски Брод, така што од искрење на бензински тример за косење, во близина на неговата куќа во село Брезница, настанал пожар кој се проширил кон соседните имоти.
Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа од ЈП „Национални шуми” и локалното население. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава, информрира МВР.