НАСКОРО ЌЕ ПОЧНЕ ДА СЕ ГРАДИ ДЕЛНИЦАТА БУКОЈЧАНИ-КИЧЕВО Во октомври ќе се пуштат тунелите кај Пресека

Согласно динамиката, во октомври оваа година ќе го пуштиме најтешкиот дел, тоа се тунелите кај Пресека, кои што се најдолги тунели во државата и галериите, а во првото тромесечие следната година, во зависност од временските прилики, ќе го пуштиме целиот автопат - потенцира Николоски.

147

Пет автопатски делници истовремено се градат во Македонија, а наскоро ќе започне и шестата. Коридорот 8 никогаш досега не се градеше со ваква динамика, а земјава во моментов реализира инфраструктурни проекти од обем со кој не може да се пофали ниту една друга држава во регионот, истакна во вечерашното гостување во Тема на денот на ТВ Сител, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

– Работите на авотопатот Гостивар – Кичево одат добро, таму е рокот крај на 2029 година, и ако треба денеска да кажам прогноза, мислам дека ќе се испочитува. Тоа е најтешката делница, популарната „Стража“, a со ова решение целосно ја заобиколуваме. Станува збор за еден тежок потфат, прв автопат кој што се работи од двете страни, нешто што Македонија досега го нема видено – рече заменик претседателот на Владата, Николоски.






Тој се осврна и на планираната автопатска делница од Букојчани до Кичево, која ќе биде шеста автопатска делница која оваа Влада започнува да ја работи.

– Во текот на оваа недела ќе биде изборот на изведувач, го работиме заедно со Европската банка за обнова и развој. Тие ја прават евалуацијата на понудите. Има три понудувачи, па ќе видиме кој ќе има најдобра понуда. Се надевам дека до крајот на септември, почеток на октомври и таму ќе имаме вовед во работа и тоа ќе биде шестиот автопат којшто истовремено го градиме во државата – истакна Николоски.

Тој зборуваше и за текот на работите на автопатот Кичево-Охрид, каде според него во октомври годинава ќе се пушти во употреба најкомплицираната делница, а тоа се тунелите кај Пресека.

– Согласно динамиката, во октомври оваа година ќе го пуштиме најтешкиот дел, тоа се тунелите кај Пресека, кои што се најдолги тунели во државата и галериите, а во првото тромесечие следната година, во зависност од временските прилики, ќе го пуштиме целиот автопат – потенцира Николоски.

Тој се осврна и на следните планирани проекти, а тоа се ескпресните патишта Кочани-Виница-Делчево-граница со Бугарија и Радовиш-Струмица-Ново Село-граница со Бугарија, кои во моментов се проектираат.

Поврзани содржини