📽️ „ДУШО, ЌЕ ТИ СЕ ЈАВАМ ПОДОЦНА“ Ќерката на Мелони ја прекина среде говор, Џиневра ѝ вртела трипати

Италијанската премиерка среде говорот го крена телефонот и почна да шепоти, а потоа им објасни на насмеаните приврзаници: „Тоа е ќерка ми, извинете“.

125

Италијанската премиерка Џорџа Мелони држеше борбен говор пред приврзаниците на нејзината партија, но среде обраќањето ѝ заѕвони телефонот. Кога го крена, почна да шепоти и да ја покрива устата со раката – ѝ се јавила нејзината деветгодишна ќерка.

Среде говорот на партискиот собир, Мелони ненадејно го извади мобилниот телефон и почна тивко да зборува, покривајќи ја устата со раката.






– Душо, ќе ти се јавам подоцна – можело да се слушне како италијанската премиерка му зборува на лицето од другата страна.

Потоа им објаснила на присутните:

„Тоа е ќерка ми, извинете.“

 

Објаснувањето предизвикало смеа кај присутните. Мелони потоа открила дека нејзината деветгодишна ќерка Џиневра ѝ се јавила дури трипати по ред.

Мелони вчера во јужниот италијански пристанишен град Бари го одбележала рекордот на нејзината влада по должината на непрекинатото владеење во историјата на Италијанската Република.

Нејзината влада официјално стана најдолговечната непрекината влада од основањето на Италијанската Република во 1946 година. По тој повод во Бари се собраа голем број приврзаници на нејзината партија „Браќа на Италија“, а кулминација на настанот бил токму говорот на Мелони.

По разделбата со долгогодишниот партнер Андреа Џамбрјуно, 49-годишната политичарка сама ја одгледува ќерката.

Мелони повремено ја носи Џиневра со себе и на патувања во странство, што го објаснува со желбата да ги усогласи улогите на премиерка и мајка.

Приватниот живот вообичаено го држи подалеку од јавноста. Сепак, летово во јавноста неочекувано се појавија голем број фотографии од нивниот одмор на Сардинија.

Поврзани содржини