УАПСЕН ВОЗАЧОТ НА ИГОР ЈАНУШЕВ Барал мито, го фатиле со обележани пари
Возачот на генералниот секретар на Владата барал пари за посредување при вработување, по што полицијата организирала акција со обележани банкноти.
Возачот на Игор Јанушев, генералниот секретар на Владата, е зад решетки.
Како што дознава Плусинфо, возачот на Јанушев барал мито за вработување.
По дознавањето, полицијата го „спакувала“ несудениот митаџија по стандардна постапка, дадени му се обележано пари и потоа е уапсен.
Во очекување сме на официјална потврда и дополнителни детали за настанот.