📽️ (ВО ЖИВО) ПЛОШТАДОТ МАКЕДОНИЈА ПОЛН СО МУЗИКА, ГЛУМА И ТАНЦ Започна спектаклот „Силно светнал ден“

Мултимедијалниот спектакл „Силно светнал ден“ преку музика, глума и танц ја раскажува приказната за изминатите 35 години од независноста.

165

На Плоштад Македонија во Скопје веќе започна мултимедијалниот сценски спектакл „Силно светнал ден“, со кој се одбележуваат 35 години независност на Македонија.

Повеќе од 120 артисти учествуваат во спектаклот, кој преку музика, глума и танц ја раскажува приказната за изминатите три и пол децении од независноста на државата.






Публиката на плоштадот има можност да ги проследи најзначајните моменти од историјата на независна Македонија, но и приказната за подемите, предизвиците и достигнувањата што го одбележаа периодот.

Спектаклот „Силно светнал ден“ е завршница на истоимениот караван кој на 9 август започна од Охрид, а во изминатиот период гостуваше во 11 градови низ земјата.

Во неговата реализација учествуваат повеќе познати македонски музички изведувачи и актери.

Прославата од Плоштад Македонија можете да ја следите и преку видео преносот:

Централното одбележување на 35-годишнината од независноста ќе продолжи на 8 септември, Денот на независноста.

Тогаш на Националната арена „Тоше Проески“ во Скопје ќе настапи светски познатиот диџеј и хаус-продуцент Давид Гета.

Гета ќе го претстави спектаклот „The Monolith Stadium Show“, со што јубилејот ќе добие голема музичка завршница.

Музичката програма посветена на 35 години независност ја подготвува „Авалон продукција“ во соработка со Владата.

Поврзани содржини