🎥 ФИЛМСКА ПУКОТНИЦА СРЕДЕ ИСТАНБУЛ Полицијата уби 21-годишник осомничен за тероризам
Отворил оган врз полицајците при обидот да го уапсат, а во престрелката е ранет и цивил кој подоцна почина.
Полицијата во Истанбул го уби 21-годишниот Беркан Ч., осомничен за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ и за подготовка на терористички напад во Турција.
Престрелката се случи доцна синоќа во истанбулската населба Султанбејли, каде што полицијата спроведувала операција за негово апсење. Според соопштението на истанбулската градска управа, осомничениот отворил оган врз полицајците, по што тие возвратиле и го усмртиле.
Во престрелката бил ранет и цивил. Првичните информации беа дека цивилот е повреден, но турските медиуми денеска објавија дека тој подоцна починал во болница.
Операцијата ја спровеле турската разузнавачка служба МИТ и истанбулската полиција. Според дополнителните информации, осомничениот претходно успеал да избега од полициски операции на две адреси во Пендик и Тузла, а потоа купил билет за автобус од терминалот во Султанбејли. Полицијата го лоцирала таму и се обидела да го уапси, кога тој почнал да пука.
На социјалните мрежи се појави и видео од оружениот инцидент, на кое се гледа како полицајци заземаат позиции и возвраќаат на огнот.
Wild footage from Istanbul as alleged ISIS terrorist opens fire on officers attempting arrest
Several cops take cover before returning fire in hail of bullets
Shootout ends with suspect killed and 1 civilian injured
21yo was reportedly planning terror attack in Turkey pic.twitter.com/ElokerjefC
— RT (@RT_com) September 4, 2026