СО ДЕТСКИ МОТОР УДРИЛО ВО ТРАКТОРСКА ПРИКОЛКА Тешко повредено 8-годишно дете
Поради сериозноста на повредите, детео е префрлено во Комплекс клиники ,,Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош, соопшти полицијата.
Осумгодишно дете е тешко повредено откако со детски мотор удрило во тракторска приколка во семејниот двор.
„На 3.09.2026 година во 16:40 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар е пријавено дека кај нив со повреди е донесено повредено осумгодишно дете од село Дебреше, гостиварско. Според пријавеното, во дворот од куќата, детето управувајќи детски мотор удрило во паркирана тракторска приколка. Поради сериозноста на повредите, детео е префрлено во Комплекс клиники ,,Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош. Известен е јавен обвинител, а увидна екипа од ОВР Гостивар изврши увид на местото на настанот“, соопшти полицијата.