ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛ ОД ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО ПРЕКУ МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА Татко испраќал пораки до синот и до партнерката

Жената го пријавила случајот на 3 септември во тетовската полиција. Полицијата го расчистува случајот.

102

Затвореник од Идризово е пријавен дека преку мобилна апликација им се заканувал на својата невенчана партнерка и на нивниот син. Случајот во полицијата го пријавила 35-годишната жена, која престојува во Тетово.

Според билтенот на МВР, жената го пријавила случајот на 3 септември во 20.50 часот во СВР Тетово.






„35-годишна жена со престој во Тетово пријави дека преку мобилна апликација, нејзиниот невенчан сопруг, кој во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, издржува казна затвор, им упатувал закани на неа и нивниот син“.

Министерството за внатрешни работи го расчистува случајот.

Поврзани содржини