СЕ ТРКАЛ, ВЛЕТАЛ ВО ДВОР И ПРЕГАЗИЛ ТРИ ДЕЦА Тешка сообраќајна несреќа во Босна и Херцеговина
Точните околности под кои се случила несреќата, како и наводите за можна тркачка брзина на возилото и пијанство на возачот, ќе ги утврди полициската истрага.
Тешка сообраќајна несреќа во која тешко се повредени три деца се случи синоќа во Доња Копривна, на главниот пат Доња Копривна-Коњодор во близина на Цазин, Босна и Херцеговина.
Автомобил излета од патот, влета во дворот на семејната куќа и удри во три деца кои во тој момент си играле во дворот.
Возачот Фахрет Хорозовиќ е уапсен синоќа, пишуваат босанските медиуми.
Повредените деца се пренесени во Кантонската болница „Д-р Ирфан Љубијанкиќ“ во Бихаќ.
Неофицијално, непосредно пред несреќата, два автомобили се тркале по патот, при што возачот на едното од возилата ја изгубил контролата, излетал од патот и завршил во дворот.
Точните околности под кои се случила несреќата, како и наводите за можна тркачка брзина на возилото и пијанство на возачот, треба да ги утврди полициската истрага.