📽️ ПУКАЛ ВО СОСЕДИТЕ, ВО ПОЛИЦИЈАТА ПА ВО СЕБЕСИ Две лица загинаа, ранети тројца цивили и тројца полицајци

Престрелката се случила во ходникот на станбена зграда, каде што полицијата претходно била повикана поради расправија која можеби била поврзана со иселување на станар.

152

Најмалку две лица загинаа, а шест се повредени во престрелка во станбена зграда во Минеаполис, во американската сојузна држава Минесота.

Тројца цивили се ранети со огнено оружје и се пренесени во болница. Повредени се и тројца полицајци.






Привремениот шеф на полицијата во Минеаполис, Бил Петерсон, изјави дека полицајците размениле оган со осомничениот напаѓач, кој починал во престрелката.

Според првичните информации, осомничениот починал од прострелна рана што самиот си ја нанел.

Петерсон рече дека полицијата знае кој ја започнал престрелката во ходникот на зградата, но засега не го откри неговиот идентитет.

 

Градските власти соопштија дека едно лице починало на местото на настанот, додека второто им подлегнало на повредите во болница.

Од тројцата повредени полицајци, едниот бил застрелан во ногата и се здобил со повреда која не е опасна по живот. Вториот бил опериран, додека третиот полицаец бил згрижен поради повреда која исто така не е опасна по живот.

Полицијата претходно била повикана во зградата поради расправија. Според првичните информации, инцидентот можеби бил поврзан со лице кое било во постапка за иселување од станот.

Истрагата за престрелката продолжува, а полицијата треба да ги утврди сите околности што ѝ претходеле.

Поврзани содржини