СЕДНАЛ ЗАД ВОЛАН СО 2,09 ПРОМИЛИ И ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ Приведен жител на Кадрифаково кој бел без возачка и со истечена регистрација
67-годишниот Д.Б. од Кадрифаково бил приведен откако со „форд“ излетал од патот, а полицијата утврдила дека возел под дејство на алкохол и без важечка возачка дозвола.
67-годишен жител на Кадрифаково е приведен откако со автомобил „форд“ излетал од патот во селото, а полициската контрола покажала дека возел пијан и без важечка возачка дозвола.
Станува збор за Д.Б., кого полицијата го лишила од слобода на 2 септември околу 16:13 часот.
По сообраќајката, полицајците утврдиле дека во крвта имал дури 2,09 промили алкохол.
Дополнително, било утврдено дека 67-годишникот немал важечка возачка дозвола, додека сообраќајната дозвола на автомобилот била со истечена важност.
Полицијата извршила увид на местото на настанот, а за случајот бил известен и јавен обвинител.
По целосното расчистување и документирање на случајот, против возачот ќе следува соодветна пријава.