НАПАД СО МОЛОТОВИ КОКТЕЛИ ВО МИНХЕН Двајца Бугари се уапсени
Германската полиција истражува сомнителен напад со подметнување пожар на градилиште во близина на седиштето на компанијата за одбранбена технологија Роде и Шварц во Минхен, кој бил политички мотивиран, соопштија властите.
Германската полиција истражува сомнителен напад со подметнување пожар на градилиште во близина на седиштето на компанијата за одбранбена технологија Роде и Шварц во Минхен, кој бил политички мотивиран, соопштија властите во четврток.
Баварската покраинска криминална полиција (LKA) објави дека се сомнева во обид за напад и дека се уапсени двајца бугарски државјани кои би можеле да бидат поврзани со случајот.
Молотови коктели биле фрлени од автомобил врз градилиште во Минхен околу полноќ, а барем еден од нив предизвикал пожар, кој е изгаснат. Според портпаролот на полицијата, специјалните единици морале да го деактивираат вториот запалив уред.
Градилиштето каде се фрлени молотовите коктели е кај седиштето на компанија која се занимава, меѓу другото, со безбедносна технологија и комуникација за владини агенции и за војската.
Маж (38) и жена (28) државјани на Бугарија се уапсени во врска со случајот.
На веб-страницата на компанијата кај чие седиште се фрлени коктелите е наведено дека нудат системи за радио надзор и безбедносни скенери за воена употреба, како и технологија за мерење и производи за сајбер безбедност дизајнирани за цивилна употреба.
Германија деновиве е иложенана серија напади. Еден ден по експлозијата во трафостаница до термоцентрала на истокот од Германија, саботажа беше извршена и во средата во трафостаница на западот од земјата, во близина на Келн, а политичарите веруваат дека станува збор за напад со терористичка позадина.
Во Берлин и на западот од Германија, во последните месеци беа се извршени повеќе напади врз инфраструктурата за снабдување со електрична енергија и железничкиот сообраќај.
Во повеќето случаи, одговорноста ја презеде левичарска екстремистичка мрежа.
Германските власти ја зголемија својата будност во последните денови во врска со можни напади врз инфраструктурата, откако владата оваа недела изјави дека Русија стои зад обидот за напад со дрон врз украински товарен авион на аеродромот „Лајпциг/Хале“ минатиот месец.
Германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт изјави дека странските сили, особено Русија, би можеле да ги користат левичарските екстремистички групи како посредници за извршување саботажи. Тој предупреди дека некои од овие групи сè повеќе ги преземаат позициите и наративите на Русија во врска со војната во Украина.
Molotov cocktails were thrown from a car at a construction site in front of German defense company Rohde & Schwarz headquarters in Munich overnight.
Two Bulgarian nationals detained at a nearby gas station. pic.twitter.com/KwPXFXcG6T
— Clash Report (@clashreport) September 3, 2026