УАПСЕНА КУМАНОВКА КОЈА ПИТАЧЕЛА СО НЕЈЗИНОТО ЕДНОМЕСЕЧНО БЕБЕ Стоела на патарината Романовце, некој ја пријавил
Д.Р. е приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Кумановската полиција уапси 23-годишна кумановка која питачела на патарина со нејзиното бебе на возраст од само еден месец.
„На 2.9.2026 година во 18 часот полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода Д.Р.(23) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека на наплатна станица Романовце питачела со нејзиното едномесечно бебе. Д.Р. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти полицијата.