ПРОБОДЕНИОТ 13-ГОДИШНИК СЀ УШТЕ Е ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА Клековски вели дека состојбата му е стабилна, но опасноста не е помината

0

13-годишното дете кое беше прободено со нож во пределот на срцето во Чаир и натаму е во тешка состојба, информира денеска министерот за здравство, Сашо Клековски на прес конфернеција.

– Последната информација ми е, за жал, од вчера. Сè уште е стабилно, но во животозагрозувачка состојба. Од добрата страна, кинетиката, движењето на срцето, е во ред, меѓутоа сè уште е во животна опасност – рече Клековски.






На 31 август 2026 година околу 22 часот на територија на Чаир, настанала физичка пресметка помеѓу две лица од една страна и И.З.(19), 13-годишник и 16-годишни, сите од Скопје, од друга страна. Притоа 13-годишник со нож им нанел убодни рани на трите лица од спротивната страна.

Министерот за здравство Сашо Клековски информираше дека повреденото дете е во критична состојба и има убодна рана во срцето. Тој веднаш бил опериран и е на интензивна нега.

Поврзани содржини